Дома Интересно Доказ дека парите не ги „расипуваат‘‘луѓето: Милијардер однел 10 илјади вработени и...

Доказ дека парите не ги „расипуваат‘‘луѓето: Милијардер однел 10 илјади вработени и нивните семејства во Дизниленд

871
0

Посакуван шеф…

Сопственикот на мултинационалниот фонд „Citadel LLC“ и милијардерот Кен Грифин решиле да ги награди своите вработени и нивните семејства со патување во Дизниленд на Флорида.

Според Форбс, неговиот хенџ фонд е вреден приближно 31,7 милијарди долари, што го прави 40-ти најбогат човек во светот.

Милијардерот посегна во сопствениот џеб за да плати патување во Дизниленд на дури 10.000 вработени и нивните семејства, со што ја доби титулата „најдобар шеф досега“.

Портпаролот на Цитаделот Зија Ахмед откри дека милијардерот плаќал за авионски билети од Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други градови, но платил и за хотелско сместување, билети за Дизниленд и храна, која вклучувала сè, од јагнешко до суши.

Грифин го изнајмил просторот во Дизниленд исклучиво за вработените во Цитадел и им платил на Колдплеј, Карла Рае Џепсен и диџеј Дипло за да ги забавуваат работниците и нивните семејства. Милијардерот им се заблагодарил на вработените за одличниот бизнис и рекол дека им претстои „неверојатна иднина“.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име