Дома Здравје Дали мислите дека цигарите ве смируваат?

Дали мислите дека цигарите ве смируваат?

790
0

Иако многу пушачи тврдат дека оваа зависност им помага бидејќи ги смирува нервите, новото истражување покажа дека пушењето цигари всушност може да го влоши менталното здравје, според News18.

Истражувачите од Универзитетот во Ерусалим анкетирале повеќе од 2.000 студенти од српскиот и албанскиот универзитет со различно општествено-политичко и економско потекло.

Студијата објавена во списанието PLOS ONE покажа дека студентите кои пушеле цигари страдаат од клиничка депресија два до три пати повеќе од нивните врсници кои не пушат.

На Универзитетот во Приштина, дури 14 отсто од студентите кои пушат изјавиле дека во минатото страдале од депресија, наспроти четири отсто од непушачите.

На Универзитетот во Белград, бројките се во корист и на непушачите – 11 отсто од непушачите се изјасниле дека страдаат од депресија, додека 14 отсто од пушачите се изјасниле за тоа.

Студентите пушачи, исто така, имале повисока стапка на депресивни симптоми и полоши резултати за менталното здравје, како што се виталноста и социјалното функционирање.

„Нашата студија покажува дека има се повеќе докази дека пушењето и депресијата се тесно поврзани“, вели професорот Хагаи Левин од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Иако можеби е премногу рано да се каже дека пушењето предизвикува депресија, се чини дека тутунот има штетни ефекти врз нашето ментално здравје.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име