Дома Здравје Дали знаете што е дренка и зошто се вели: „Здрави како дрен“

Дали знаете што е дренка и зошто се вели: „Здрави како дрен“

2511
0

Дали знаете што е дренка? Малку е заборавено ова овошје, па ајде да разјасниме малку. Црвената дренка или корнус мас е листопадна грмушка или дури можеме да ја класифицираме како ниско дрво. Обично расте во висина, а на врвот е украсена со заоблена и густа крошна. Дренките се плод на дренка. Раните или младите дренки имаат светло црвена боја и не се препорачуваат за јадење затоа што сè уште не се созреани целосно и не се вкусни. Кога се зрели, имаат темно црвена боја и вкусни се за јадење. Имаат долгнсведтса форма и се многу привлечни визуелно. Производи од дренка се: најчесто сува за чај, како суво овошје, џем или сок .Интересен е фактот дека дренка е дрво што може да преживее до 200 години!Овошјето, дренка е специфично по тоа што има лековити својства. Тие одговараат на човечкото тело и му ги даваат потребните витамини , киселини и сè што е потребно за организмот да функционира нормално и здраво. Поради отпорноста на самото дрво, кое може да живее многу години и фантастичните здравствени и лековити својства на дренката – ја знаеме и поговорката што често ја слушаме:„Здрав како дрен“Недоздрелите дренки, како и зрелите, се користат за разни цревни проблеми како што се дијареја или разни фебрилни состојби предизвикани од проблеми со дигестивниот систем. Лековитата содржина на дренка вклучува природен шеќер, слуз, смола, пектин, органски киселини, гликозална киселина, која е одговорна за обновување и подмладување на кожата и содржи 50-100 мг витамин Ц.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име