Дома Живот Гадење – интересни факти…

Гадење – интересни факти…

672
0

Гадењето е чувство на непријатност во стомакот по што често има потреба од повраќање. Гадењето е многу непријатно чувство, обично придружено со чувство на слабост, бледило на лицето и потење.

Гадење – Причини и симптоми

Гадењето може да биде претходник на повраќање, а оваа медицинска состојба има многу причини и често може да се спречи.

Гадење може да се појави поради:

  • чувствителност на движење,
  • одредени (расипани) јадења,
  • алкохол,
  • лекови,
  • како последица на одредени здравствени состојби,
  • бременост,

Гадење и храна што помага Кога чувствувате гадење, храната е веројатно последното нешто што ви паѓа на ум. Но, треба да знаете дека има храна што може да го ублажи варењето и гадењето. Двопек Двопекот е лесен и одличен за ублажување на гадењето.

Двопекот или лебот ќе ја апсорбираат вишокот стомачна киселина и ќе ги ублажат стомачните тегоби. Ореви Сите видови ореви, како и намази и путери од ореви, можат да помогнат во ублажување на гадењето.

Овошје и зеленчук.

Одредено овошје и зеленчук може да ги ублажи гадењето и варењето на храната. Ова особено важи за овошјето и зеленчукот со висока содржина на растителни влакна кои стимулираат елиминација на токсините од дигестивниот систем, а ќе помогнат јаболката, бананите и спанаќот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име