Дома Здравје Внимание: Една утринска навика може да биде причина за висок крвен притисок

Внимание: Една утринска навика може да биде причина за висок крвен притисок

4220
0

Она што некогаш се сметало за добра навика прави повеќе штета отколку добро.

Дали користите плакнење за уста наутро? Можеби ова не е добра идеја, откриена е неверојатна поврзаност со нивната употреба и високиот крвен притисок, пишува Б92.

Многу е важно да се грижите за оралната хигиена, но користењето средства за плакнење на устата можеби не е најдобрата идеја. Имено, неодамнешните истражувања покажаа дека употребата на некои средства за плакнење на устата може да предизвика зголемување на крвниот притисок. Она што некогаш се сметало за добра навика прави повеќе штета отколку добро.

Како е тоа можно?
Како и цревата, усната шуплина содржи комбинација од добри и лоши бактерии, а урамнотежениот орален микробиом помага во одржување на здравјето. Според истражувањето објавено во списанието Frontiers in Cellular and Infection Microbiology, оваа рамнотежа може да се наруши со употреба на средство за плакнење уста.

Добрите бактерии во усната шуплина овозможуваат претворање на нитратите во исхраната (обично во зеленчукот) во азотен оксид, а оваа молекула помага во одржување на здрави вредности на крвниот притисок. Проблемот е што некои средства за плакнење уста содржат антисептичка супстанца наречена хлорхексидин, која може да ги убие бактериите во устата што произведуваат азотен оксид. Студијата во која учествуваа 26 испитаници покажа дека употребата на вода што содржи хлорхексидин два пати на ден во текот на една недела е поврзана со значително зголемување на горниот крвен притисок.

Добри вести
„Знаеме дека никој не може да биде добро без соодветна количина на азотен оксид во телото. Од друга страна, повеќе од 200 милиони Американци секојдневно користат антисептичко средство за плакнење уста, кое ги уништува добрите бактерии кои помагаат во производството на азотен оксид. Она што некогаш се сметаше за добра навика и денес прави повеќе штета отколку добро“, вели раководителот на студијата, проф. Нејтан Брајан додавајќи дека нивното откритие може да објасни и зошто две од три лица со висок крвен притисок не успеваат да го контролираат крвниот притисок со лекови.

Добрата вест е што научниците открија дека добрите бактерии се враќаат во усната шуплина откако ќе ја прекинат употребата на плакнење за уста со хлорхексидин.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име