Дома Здравје Брзото џвакање храна може да предизвика лошо варење

Брзото џвакање храна може да предизвика лошо варење

436
0

Лекарите советуваат дека е многу важно храната да се јаде побавно и да се сече на помали парчиња. Во спротивно, поголемите парчиња храна може да предизвикаат надуеност и проблеми со варењето.

Варењето на храната започнува во устата, па начинот и брзината со која ја џвакате храната дополнително влијае на процесот на преработка на храната во организмот.

На мозокот му требаат околу 20 минути за да регистрира дека стомакот е полн, па затоа се препорачува побавно консумирање храна. Покрај тоа, придобивките од побавното џвакање се:

подобра апсорпција на хранливи материи

подобро варење

поголемо уживање во храната

пониско ниво на стрес

„Варењето не започнува во цревата, туку многу порано – во нашата уста – затоа погрижете се да одвоите време да уживате во храната, џвакајќи го секој залак приближно 20 пати“, вели нутриционистката Елинор Трап, која препорачува да не се користи телефонот или гледање телевизија додека се јаде.

„Пребрзо и избрзано јадење може да резултира со тоа што често јадете повеќе отколку што обично би јаделе. Исто така, кога јадете премногу брзо, не размислувате колку пати го џвакате секој залак, а тоа доведува до непријатно чувство на надуеност и варење. затоа што вашето тело нема време за правилно варење на консумираната храна“, заклучува таа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име