Дома Твој готвач Брзи кокосови топчиња

Брзи кокосови топчиња

1165
0


Овие кокосови топчиња лесно се подготвуваат и се одличен избор доколку наеднаш ви се појави неодолива желба за слатки, а сакате сами да си ги направите…

Состојки:

200 гр кокосово брашно
200 гр млеко во прав
125 гр маргарин
175 гр шеќер

50 гр чоколадо
30 гр лешници
кокосово брашно за посипување

Подготовка:

Шеќерот и 75 мл вода се варат, па се трга од шпорет, потоа се додава сечканиот маргарин и чоколадото се меша додека не се растопат.
Постепено измешајте ги млекото во прав и кокосовото брашно.
Измешајте сè заедно во компактна смеса и изладете.
Од ладната смеса со дланките формирајте топчиња, притиснете го лешникот на средина и повторно направете го со дланките за да не се гледа лешникот.
Извалкајте ги во кокосово брашно, оставете да се исушат некое време.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име