Дома Здравје Босилекот е прекрасно растение кое го подига имунитетот, научете да го користите

Босилекот е прекрасно растение кое го подига имунитетот, научете да го користите

1088
0

Босилекот е еден од најстарите и најпопуларните зачини, а се користел во Африка, Азија и Индија, каде што се сметал за свето растение.

Постојат дури 35 видови босилек, од кои најпознат е обичниот босилек кој славата ја стекнал преку гастрономијата. Се користи како зачин во многу јадења, но и во пијалоци.

Лековити својства

Во лековитите и чудотворните својства на босилекот долго време се веруваше, а современите истражувања ги потврдија неговите лековити својства. Овој хербален лек содржи есенцијални масла богати со активни супстанции. Етеричните масла од растението се штетни за паразитите, а токму така по конзумирањето делуваат на човековиот организам, односно ни штетат од патогени бактерии, вируси и болести.

Босилекот е богат со витамин А, железо, магнезиум и антиоксиданси кои ја стимулираат циркулацијата, ја намалуваат оксидацијата на холестеролот и штитат од формирање на слободни радикали.

Придобивките од босилекот

Моќен антиоксиданс,

Го подига имунитетот,

Заштитува од инфекции, рак и тумори,

Го подобрува варењето,

Го штити црниот дроб, крвните садови и срцето,

Ја намалува болката и ја намалува треската,

Заштитува од деменција и го забавува стареењето,

Многу луѓе не знаат за лековитите својства на босилекот, а кога ќе дознаат секогаш се прашуваат истото. Како е можно да се искористат сите негови придобивки користејќи го само како зачин, или во многу мали количини? Одговорот лежи во чајот од босилек.

Подготовка на чај од босилек

Чајот од босилек ќе го подготвите така што две лажички сув босилек ќе прелиете со зовриена вода и ќе го оставите да отстои 15 минути и ќе го процедите. Не е неопходно да се додаваат засладувачи во пијалокот. Чајот е исклучително вкусен и освежителен и е совршен топол пијалок за зајакнување на имунитетот за претстојните постудени денови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име