Дома Живот Баба (102) откри 3 работи кои се клучни за долговечноста: Нејзиниот совет...

Баба (102) откри 3 работи кои се клучни за долговечноста: Нејзиниот совет е многу практичен

712
0

Баба (102) откри 3 работи кои се клучни за долговечноста: Нејзиниот совет е многу практичен

Во последните неколку години се почесто се зборува за „тајните“ на долгиот живот , а Гледис МекГари, која има 102 години, решила да го сподели својот рецепт за долг живот.

Гледис сè уште работи како лекар и вели дека не планира да се пензионира.


Гледис ги запишала своите тајни за долговечноста во својата книга „A Life Well Lived“, а нејзиниот совет е поедноставен отколку што многумина би очекувале.

Еве што им вели на сите што сакаат да доживеат сто години.

  1. Продолжете да се движите
    – Ако престанеш да се движиш, ќе умреш – напишала таа.

Тоа не значи дека секој ден треба да поминувате часови и часови во теретана, но сосема е доволна лесна прошетка.

  1. Негувајте ја духовноста
    Според неа, можете да направите се што е добро за вашето здравје, но сè е залудно ако немате верба во нешто поголемо од себе.
  • Животот мора да се живее целосно . Ако ја изгубите целта, немате каде да одите. Почнете да барате што ве тера да пеете, да се смеете или да одите подалеку од местото каде што сте – забележува Гледис .
  1. Сакајте се себеси и другите
    Едно истражување покажало дека оние кои им пружале емоционална поддршка на другите живеат подолго.
  • Љубовта навистина може да биде најточниот одговор за подолг, поздрав живот. Кога навистина ќе научите да се сакате себеси, тогаш ќе научите да ги сакате и другите – заклучува таа, пишувајќи „ Mind Body Green“ .

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име