Дома Здравје Апчиња за Ковид – што знаеме досега?

Апчиња за Ковид – што знаеме досега?

861
0


Станува збор за таблети кои се земаат орално веднаш штом се појават првите симптоми на Ковид за да се избегнат потешки форми на болеста, а со тоа и болничко лекување.

Американските фармаколошки гиганти Мерк и Фајзер неодамна објавија охрабрувачки резултати од испитувањата на нивните орални лекови за пандемичната болест.

Станува збор за таблети кои се земаат орално веднаш штом се појават првите симптоми на Ковид за да се избегнат потешките форми на болеста, а со тоа и болничкото лекување. Овој тип на третман се бара од почетокот на оваа глобална здравствена криза.

По повеќемесечно истражување, Мерк и Фајзер објавија дека ја постигнале својата цел. Мерк на почетокот на октомври објави дека бара дозвола за употреба во САД за својата таблета молнупиравир, а Фајзер го стори истото минатата недела за својот паксловид.

Во двата случаи, тие се антивирусни лекови кои делуваат на тој начин што ја намалуваат способноста на вирусот да се реплицира, а со тоа ја забавуваат прогресијата на болеста. Двете компании тврдат дека клиничките испитувања покажуваат дека употребата на лекови значително го намалува ризикот од хоспитализација. Компаниите тврдат дека молнупиравир го намалува ризикот за 50 проценти, а паксловид за 89 проценти, иако стапките на ефикасност не треба директно да се споредуваат поради различните протоколи за тестирање.

Антидепресив кој веќе е достапен за јавноста, флувоксамин, исто така покажа охрабрувачки резултати во спречувањето на сериозни форми на болеста, според студијата на бразилските научници објавена во октомври во „Лансет“.

Зошто се важни?

Доколку се потврди ефикасноста на таблетите, тоа ќе биде голем чекор напред во борбата против Ковид и заедно со вакцината ќе го зајакне терапевтскиот арсенал против вирусот. Терапиите веќе постојат, главно во форма на синтетички антитела, но овие лекови се инјектираат и обично се даваат на пациенти кои се веќе сериозно болни.

Од друга страна, таблетите може брзо да се препишат и лесно да се земаат без пациентот да излезе од дома.

Третманот со таблетите Мерк и Фајзер, кои во моментов не предизвикуваат многу несакани ефекти, би траел два дена, по две дози дневно.

„Успехот на овие антивирусни лекови отвора ново поглавје во спречувањето на тешките последици од Ковид“, рече британскиот виролог Стивен Грифин.

Ограничувања?

Тешко е да се процени успехот на терапијата Мерк и Фајзер бидејќи тие сè уште немаат објавено податоци за клиничките испитувања. Францускиот експерт Карин Лакомб предупреди дека ваквите најави на фармацевтските компании треба да се земаат со претпазливост додека нивните тестови не поминат научни прегледи.

Таа, исто така, истакна дека таквите таблети би можеле да им донесат „потенцијално огромен“ пазар.

Независни експерти велат дека некои елементи укажуваат на тоа дека Мерк и Фајзер не даваат лажни ветувања. Двете компании ги прекинаа клиничките испитувања порано од очекуваното со благослов на независни надзорни одбори, бидејќи резултатите беа многу добри. Кога станува збор за антидепресивот флувоксамин, достапни се податоци и наидоа на некои приговори.

Неколку научници се спротивставија на авторите на студијата дека не се ограничуваат само на проценка на зачестеноста на хоспитализирањата, туку ја анализирале и зачестеноста на продолжениот престој во болница, што, според нив, ја отежнува интерпретацијата на податоците.

Кога и колку?

Молнупивир на Мерк веќе е одобрен во Британија. Тамошните здравствени власти дадоа зелено светло за лекување на лица со поголем ризик да развијат тешка клиничка слика како што се постарите, дебелите и дијабетичарите.

Неколку земји веќе нарачаа залихи на молнупивир, како што се САД, кои нарачаа 1,7 милиони дози.

Американската нарачка навестува и колку може да чини лекот. Неговата вкупна вредност е 1,2 милијарди долари, што би значело дека петдневната терапија со молнупиравир чини околу 700 долари.

Pfizer сè уште не ја објави цената на паксловид , но вети дека ќе биде „прифатлива“.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име