Дома Живот Љубовен хороскоп до 23 ноември! Раковите се запознаваат со личност облечена во...

Љубовен хороскоп до 23 ноември! Раковите се запознаваат со личност облечена во униформа, а еве ја следи судбоносната средба

543
0

Љубовен хороскоп до 23 ноември! Раковите се запознаваат со личност облечена во униформа, а еве ја следи судбоносната средба

Венера, планетата на љубовта, престојува во рационалниот Јарец, така што нашиот разум е над нашите емоции овие денови. Сепак, одредени знаци ќе имаат подобра среќа со оваа положба на Венера, па ќе успеат да добијат љубов во студените денови.

Овен

Венера во Јарец ви носи флерт на работното место. Тоа веројатно ќе биде личност која е околу шест години помлада или постара од вас. Ве очекуваат бројни покани за забави, но и нови познанства. Јарците и Лавовите ви се привлечни.

Бик

Идеален период од годината да планирате заедничко патување. Слободните Бикови ќе имаат познанство со магнетната Шкорпија. Биковите кои се во брак ќе имаат расправии околу распределбата на буџетот.

Близнаци

Имате потешкотии во комуникацијата со блиски луѓе , пред се поради погрешни верувања. Близнаците кои се во брак ќе имаат нереална претстава за партнерот. Ова е период од годината кога треба да се соочите со грешките од минатото.

Рак

Сатурн тргна напред, па вие се вртите кон иднината . Го оставате минатото зад себе и повторно сте во фаза кога можете да запознаете некој нов. Ве очекува познанство со личност облечена во униформа. Ве привлекуваат луѓе кои се амбициозни.

Лав

На јавни места ве очекуваат нови познанства. Шармантниот Стрелец ќе ги окупира вашите мисли. Расположени сте за каква било иницијатива. Конечно се будите од фазата на мирување и почнувате поотворено да ги покажувате вашите чувства.

Девица

Поминувате низ криза и време е да ги извадите „розовите“ очила доколку сакате реално да ја погледнете емотивната ситуација. Многу Девици ја идеализирале саканата личност, па сега минуваат низ фаза на разочарување. Неповолна недела за почеток на нова романса.

Вага

Венера во Јарец го буди рационалниот дел од вашата личност, па затоа ви е важно колку вашиот партнер се докажал во своите постапки. Меѓутоа, во таквите пресметки лесно можете да заборавите што навистина сакате. Марс во Лав може да ви донесе романса од пријателска врска.

Шкорпија

Недела полна со пораки и преписки! Расположени сте за флерт од секаков вид, па лесно можете да остварите нови познанства преку социјалните мрежи. Некои Скорпии ќе имаат познаници во соседството.

Стрелец

Лесно е да се разочарате во овој период. Некои Стрелци ќе бидат разочарани од неисполнетите ветувања од партнерите, па ќе мора да ја научат суровата вистина која не им одговара. Лавовите ќе бидат фини со вас, додека со Близнаците можете да имате неповолна комуникација.

Јарец

Венера во вашиот знак делува силно, па станавте најпредизвикувачкиот знак во Зодијакот. Ќе добиете многу покани за романтични состаноци, а лесно можете да се заљубите. Емотивно сте отворени за нова романса и тоа може да биде нов почеток во љубовта.

Водолија

Влегувањето на Плутон во вашиот знак го менува вашиот емотивен живот, па ќе одлучите да прифатите што повеќе слобода за себе. Партнерот ќе има малку разбирање за таквото однесување, но вие нема да се откажете од своите намери. Во овој период можно е судбоносно познанство.

Риба

Ве очекува недела полна со недоразбирања. Ниту вие, ниту вашиот партнер немате трпение еден за друг, па завршувате во збунувачки ситуации. Не дозволувајте малите пречки да се претворат во големи проблеми. Ако сте слободни, ќе се запознаете преку пријател

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име