Дома Здравје ЈАБОЛКА ЗА МИРЕН СОН: Овошје кое ве опушта физички и психички

ЈАБОЛКА ЗА МИРЕН СОН: Овошје кое ве опушта физички и психички

736
0

ЈАБОЛКА ЗА МИРЕН СОН: Овошје кое ве опушта физички и психички

Последниот оброк најдобро е да се јаде два до три часа пред спиење. Сепак, „Harvard Health Publishing“ наведува дека кога се чувствувате гладни навечер, сепак постои начин да го задоволите. Парче јаболко или едно киви половина час пред спиење е добар пример за хранлива закуска која ќе го задоволи вашиот апетит до утро.

Јаболката се одличен извор и на растворливи и нерастворливи влакна, велат експертите од Универзитетот во Илиноис. Растворливите влакна помагаат да се спречи таложење на холестерол во артериите, што го намалува ризикот од срцеви заболувања. Нерастворливите влакна го олеснуваат движењето на отпадот низ дигестивниот тракт.

Јаболката содржат витамин А, витамин Ц и фолна киселина, како и калиум, фосфор, железо и калциум.

Тие се релативно нискокалорични, па ако одлучите да јадете јаболко како ноќна ужина, сте направиле здрав избор.

Јаболката се речиси без маснотии и нискокалорични – јаболко со средна големина има околу 95 калории и околу 10 проценти од дневните потреби за јаглени хидрати.

Во извештајот од септември 2016 година во списанието „EXCLI“ се забележува дека јаболката, како и другото овошје и зеленчук, содржат антивоспалителни, антимикробни и антидијабетични својства. Секојдневното консумирање јаболка е поврзано со заштита од голем број болести, вклучувајќи астма, хронична опструктивна белодробна болест и неколку видови на рак.

Со оглед на тоа што јаболката се богати со полифеноли, тие исто така може да промовираат управување со тежината, да го забават стареењето и да помогнат во спречување на Алцхајмерова болест и кардиоваскуларни болести, се вели во извештајот.

Овој извештај особено ја нагласува важноста да се јаде јаболко со кора пред спиење. Содржи нерастворливи влакна, а околу половина од содржината на витамин Ц се наоѓа веднаш под самата кора.

Но, јаболкото не е единственото овошје кое е добро за спиење. Според една неодамнешна студија објавена во списанието „Advances in Nutrition“, најдоброто овошје за јадење пред спиење е кивито. Доказите покажуваат дека конзумирањето на две овошки киви еден час пред спиење го подобрило одморот кај луѓето со нарушувања на спиењето и го подобрило квалитетот на сонот кај здравите луѓе.

Бидејќи ова овошје е извор на антиоксиданси, витамини Ц и Е, може да заштити од оксидативен стрес, кој е поврзан со нарушувања на спиењето. Недостатокот на фолна киселина е поврзан со несоница, а серотонин е невротрансмитер во мозокот кој го поттикнува спиењето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име