Дома Твој готвач Штрудла од афион: Најубавата домашна штрудла од афион останува свежа 3 дена,...

Штрудла од афион: Најубавата домашна штрудла од афион останува свежа 3 дена, а се прави за кратко време

705
0

Штрудла од афион: Најубавата домашна штрудла од афион останува свежа 3 дена, а се прави за кратко време

Состојки:

За тестото:

2 жолчки

300 гр меко брашно

1 коцка свеж квасец

250 мл топло млеко

1 лажица шеќер

20 гр путер

прстофат сол

За филот:

250 гр мелено семе од афион

130 мл млеко

1 лажица растопен путер

150 гр шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

цимет по вкус

рендана кора од лимон

За посипување:

шеќер во прав

Подготовка:

Квасецот издробете го во малку топло млеко , додадете шеќер и добро измешајте. Посипете со една лажица брашно и оставете на топло место да нарасне.

Потоа додадете ги жолчките , малку сол , растопениот путер и сè добро изматете.

Додадете го брашното по малку, со постојано мешање за да не се формираат грутки.

Месете го мекото тесто, па префрлете го на набрашнета површина и покријте го со фолија.

За филот. Додадете го меленото семе од афион во растопениот путер во тенџере , потоа кратко динстајте на тивок оган и потоа додавајте го млекото , по малку, додека не ја добиете саканата конзистентност. Додадете шеќер, ванилин шеќер, рендана кора од лимон и цимет по вкус , измешајте и оставете кратко да се свари. Оставете го филот на страна да се излади.

Готовото тесто замесете го, па поделете го на три дела. Едно топче развлечете го во правоаголник, намачкајте една третина од филот и завиткајте во ролна, па повторете со преостанатите две парчиња тесто и филот.

Се ставаат на плех обложен со хартија за печење, па се пече во загреана рерна на 180 степени додека не порумени.

По желба можете да посипете со шеќер во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име