Дома Здравје Чувствувате како главата ви експлодира? Еве што всушност значи тоа и кога...

Чувствувате како главата ви експлодира? Еве што всушност значи тоа и кога треба да дејствувате веднаш

272
0

Чувствувате како главата ви експлодира? Еве што всушност значи тоа и кога треба да дејствувате веднаш

Мигрената не е едноставна главоболка, туку комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да го наруши квалитетот на животот. Најчесто ги погодува жените, а причините се различни, од хормони и стрес до исхрана и време.

Обично се јавува како пулсирачка болка, често на едната страна од главата, со придружни симптоми како што се гадење, преосетливост на светлина и звуци, како и визуелни нарушувања.

Иако медицината сè уште не ги разјаснила целосно сите причини, идентификувани се неколку вообичаени фактори кои можат да предизвикаат напад.

Кој е најподложен на мигрена?

Најчесто ги зафаќа жените на возраст меѓу 20 и 50 години, но не е исклучено ниту кај децата или мажите. Наследниот фактор е особено значаен, ако во семејството има историја на мигрени, постои зголемена веројатност тие да се пренесат на следната генерација.

Вообичаени предизвикувачи на напади

Хормоналните промени, особено пред менструацијата, кај жените има ненадејни осцилации на естрогенот што може да предизвика напад.

Стресот и неговото ненадејно присуство, како и периодот по голем стрес, често предизвикуваат кризи. Нарушувањата во спиењето, премалку или премногу сон може да ја нарушат рамнотежата во телото.

Прескокнувањето оброци, флуктуирачките нивоа на шеќер во крвта често се поврзани со појавата на болка.

Одредени видови храна и пијалоци, алкохол (особено црвено вино), чоколадо, кофеин, зрели сирења и адитиви како глутамат можат да бидат предизвикувачи. Промените во времето, ненадејните промени во притисокот и температурата, потоа сензорните стимули, силните мириси, интензивните светла и бучавата дополнително ги влошуваат симптомите.

Како да препознаете дека доаѓа напад?

Многу луѓе доживуваат предупредувачки знаци познати како „аура“ неколку часа до неколку дена пред главоболката. Тоа може да бидат визуелни нарушувања, трнење на лицето или екстремитетите, проблеми со говорот, како и општа слабост и раздразливост.

Што можете да направите кога ќе започне нападот?

Повлечете се во тивка, затемнета средина. Ставете ладна облога на главата или вратот. Земете го лекот штом ќе ги почувствувате првите симптоми, секако, во договор со лекарот. Пијте многу течности и користете техники на длабоко дишење или медитација.

Превенција

Водете евиденција за нападите за да идентификувате шеми. Одржувајте редовна рутина за спиење и исхрана и намалете го внесот на кофеин и алкохол.

Кога е потребна помош од лекар?

Доколку мигрените ви се јавуваат повеќе од четири пати месечно, траат екстремно долго или ви пречат во секојдневните активности, потребно е да посетите специјалист. Денес, постојат современи терапии кои значително ја намалуваат фреквенцијата и сериозноста на нападите.

Мигрената не е мрзеливост, слабост или изговор, таа е вистински здравствен проблем кој бара разбирање, внимание и сериозен пристап. Доколку се препознаете во овие симптоми, првиот чекор е секогаш да побарате помош и информации.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име