Дома Нега и убавина Три ефикасни маски за лице од банана што можете да ги направите...

Три ефикасни маски за лице од банана што можете да ги направите дома…

480
0

Ако имате зрела банана во вашата корпа со овошје, тогаш ова е одлична можност да направите маска за лице.

Одамна е познато дека освен што има пријатен вкус и висока хранлива вредност, ова овошје одговара на кожата и косата. Бананата е богата со калиум и минерални соли и хидрати, лечи и смирува, така што може да се користи самостојно или во комбинација со други состојки што ги имате дома.


Денес решивме да ви претставиме неколку начини на кои можете да подготвите третман во вашиот дом со банана во главна улога.


1. Хидратантна маска
Состојки:
1 банана 1 лажичка мед 1 лажичка јогурт
Постапка:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете кремаста смеса, па нанесете ја рамномерно на лицето и вратот. Оставете да отстои 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

  1. Маска за длабинско чистење на лицето
    Состојки:
    1/2 банана 1 лажичка какао во прав 1 лажичка глина во прав
    Постапка:
    Прочитајте ја претходната постапка, бидејќи освен состојките, сè е исто.
  2. Маска против брчки
    Состојки:
    1 банана 2 лажички мед
    Постапка:
    Во сад изгмечете ја бананата и додадете го медот, па оставете го настрана додека смесата не порумени. Потоа нанесете ја на лицето и оставете го да делува околу половина час, а потоа исплакнете го со топла вода.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име