Дома Нега и убавина Направете природни маски за лице! Заблескајте со малку труд и неколку состојки

Направете природни маски за лице! Заблескајте со малку труд и неколку состојки

619
0

Направете природни маски за лице! Заблескајте со малку труд и неколку состојки

Искористете ја моќта на природните состојки за да и дадете на вашата кожа еластичност и сјај со едноставни маски за лице со само три состојки.

Овие маски за лице можете лесно да ги направите сами. Пробајте домашна козметика и уживајте во природната нега.

  1. Маска за изедначен тен и сјај на кожата:

1 лажица рендана кора од портокал

прстофат куркума
1 лажица мед

Измешајте ги овие состојки во фина паста и нанесете ја на лицето и вратот. Оставете да делува 10 минути и потоа исплакнете со млака вода.

Оваа маска е идеална за комбинирана и сува кожа.

  1. Маска за мекост и сјај на кожата: 2 лажици рендана кора од портокал
    1 лажица јогурт
    1 лажица мед

Соединете ги овие состојки во мазна смеса и нанесете ја на исчистеното лице, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете го да делува 15-20 минути и потоа измијте го со млака вода.

После тоа, нанесете хидратантна крема.

Овие маски ќе и дадат на вашата кожа сјај и квалитет, а може да се користат еднаш неделно

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име