Дома Твој Готвач Сочни ќофтиња во беџарски сос! (рецепт)

Сочни ќофтиња во беџарски сос! (рецепт)

637
0

Ручек за гурмани…
Одлично се комбинира со пире од компири или тестенини

Потребни состојки:

1 кромид
2 чешниња лук
3 лажици маслиново масло
2 пиперки
2 домати
сол, бибер
суви зачини: оригано, босилек, мајчина душица
1/2 кг мелено говедско месо
1 јајце
1 главица кромид, ситно сечкана
1 чешне лук
2 лажици лебни трошки
1 лажица маслиново масло
2 еднакви лажички сол, бибер

коцки фета сирење

Подготовка:

Кромидот и лукот се сечкаат ситно, па се пржат на загреано маслиново масло. Потоа додадете ја измиената пиперка, исчистена од семки и исечкана на помали коцки. Пропржете кратко, па додајте ги измиените, исчистени и исечкани домати. Посолете, па намалете ја на средна температура, поклопете и динстајте 15-20 минути.

Во меѓувреме во сад се става меленото месо, се додава јајцето, кромидот, ситно сечканиот или испасиран лук, лебните трошки, маслиновото масло, солта и биберот, па се меша убаво и се меси додека не се добие мазна смеса. Одделете еднакви количини од смесата, малку израмнете ја, а потоа притиснете коцка сирење во средината, завиткајте го месото и формирајте ќофтиња. Повторете ја постапката додека има месо.

Кога зеленчукот е веќе динстаен, лесно измиксирајте го со миксер со стапче (да не се претвори во каша, туку да останат мали парчиња), потоа додадете ги и измешајте ги сувите зачини.

Готовиот сос истурете го во садот за печење. Одозгора наредете ги формираните ќофтиња. Се пече во загреана рерна на 200 степени 45 минути.

Претходна објаваДоколку ве обзема ладна пот, итно контактирајте го својот лекар
Следна објаваДали сте постојано уморни кога се враќате на работа? Причината може да биде ова

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име