Дома Здравје Пробајте рецепт за чај од бел слез кој помага при болки во...

Пробајте рецепт за чај од бел слез кој помага при болки во грлото

103
0

Пробајте рецепт за чај од бел слез кој помага при болки во грлото

Сезоната на вирусни и бактериски инфекции со себе носи многу непријатни нуспојави како што е болно грло. Постојат многу домашни методи за регулирање на овој здравствен проблем, а меѓу нив е и специјалниот чај од бел слез.

Има многу придобивки од оваа билка, за која е докажано дека помага при болки во грлото. Белиот или питом бел слез е повеќегодишно растение од семејството на бел слез кое може да порасне и до 150 сантиметри во височина. Неговото латинско име althanea officinalis се однесува на неговите лековити својства. Припаѓа на родот Althanea чие име доаѓа од зборот athainein што значи лекува и althos што значи лековито својство.

Најлековит дел од ова растение е коренот од кој се прави чај. Овој пијалок со векови се користи како смирувачки агенс за болки во грлото и помага при бронхитис и многу белодробни заболувања. За да ја регулирате болката во грлото, две лажици сув корен од бел слез прелијте ги со 2,5 децилитри свежа вода и оставете да отстои час до два. Потоа загрејте го чајот и по желба додадете малку мед.

Според Healthline, коренот од бел слез обезбедува краткорочно ослободување од симптомите поврзани со респираторни проблеми. Коренот на ова растение помага да се изгради заштитна обвивка која ја обвива слузницата на устата и грлото и на тој начин ја ублажува иритацијата. Чајот од бел слез може да ги намали симптомите на сува и иритирачка кашлица и да доведе до ослободување на акумулираната слуз во носот, грлото и белите дробови за полесно да се кашлате.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име