Дома Твој готвач ПИНЏУР: Рецепт кој е најлесен за подготовка

ПИНЏУР: Рецепт кој е најлесен за подготовка

1713
0

ПИНЏУР: Рецепт кој е најлесен за подготовка

Пинџур е сличен на ајварот, но има малку домат во него. Доколку сакате зимска закуска, веќе овој викенд можете да подготвите неколку тегли.

Состојки:
8 кг црвени пиперки
4 кг домати
400 мл масло
400 мл оцет
5 лажици шеќер
2 главици лук
2 китки магдонос
сол

Подготовка:

Измијте ги или исушете ги пиперките и подгответе ги за печење. Кога ќе се испечат, оставете ги во кеса за полесно да се лупат, па исчистете ги од семките и оставете ги преку ноќ да се исцедат. Излупете ги доматите и исечете ги на коцки.


Утредента пиперките исечкајте ги на коцки. Ставете ги доматите во тенџење, додадете шеќер и варете додека масата не се намали за половина. Потоа додадете пиперки, кромид, магдонос и сол по вкус. Варете додека не се згусне. Кон крајот се додава оцетот и се вари кратко.

Топлиот пинџур истурете го во загреани тегли и печете во рерна.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име