Дома Твој Готвач Пилешко во сос од лимон (рецепт)

Пилешко во сос од лимон (рецепт)

318
0

Меки и многу вкусни пилешки стекови во сос од лимон.

Состојки:

  • 600 гр пилешко бело месо
  • 50 мл масло
  • сок од еден лимон
  • сол, бибер
  • 10 гр брашно
  • 100 мл бело вино
  • 150 мл крем за готвење
  • 20 гр путер
  • магдонос
  • 1 лажица сув билен зачин

    Подготовка:

Месото исечкајте го на шницли, намачкајте ги со сув зеленчук и сол и посипете со сок од лимон.

Вака подготвените шницли оставете ги малку да отстојат.

Потоа посипете ги со брашно и пржете ги на загреано масло, со набрашнета страна надолу

Кога ќе добијат убава светло кафена боја, прелијте ги со вино и малку пропржете.

Кон крајот измешајте го кремот за готвење, додадете малку сок од лимон, бибер и додадете уште сув билен зачин.

Оставете сè да зоврие, а кон крајот измешајте го путерот во сосот.

Истурете врз шницлите, посипете ги со магдонос и декорирајте со парчиња лимон исечени на кругови.

Претходна објаваКако да пиете повеќе вода дневно – 5 совети
Следна објаваНајчестите трикови кои ги користат супермаркетите за да не натераат да трошиме повеќе пари

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име