Дома Здравје Откриена која е најотпорната крвна група

Откриена која е најотпорната крвна група

693
0

Преку истражување, научниците утврдиле дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на една личност. Според истражувањата, откриено е дека крвната група која доминира кај другите е крвната група 0.

Докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, дека имаат помалку проблеми со меморијата од другите крвни групи и дека имаат помала веројатност да добијат одредени видови на рак, како на пр. рак на панкреасот и рак на желудникот. Поради тоа што телото е поотпорно на болести, луѓето со крвна група 0 живеат подолго.

Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари се предизвикани од тромбови.

Дополнително, она што е добро за срцето е добро и за мозокот, така што многу фактори на ризик за кардиоваскуларни болести се исто така фактори на ризик за ментална болест.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име