Дома Психолошки совети Основни емоции кај децата…

Основни емоции кај децата…

193
0

Еден од најважните процеси во развојот на човекот е емоционалниот развој. Природата на емоциите кај децата е дека тие брзо се менуваат. Кога зборуваме за емоционален развој, овој процес е често многу потежок за следење во споредба со когнитивниот и физичкиот развој. Поради својата специфичност, потребно е одредено време да стане забележителен. Емоционалните реакции се менуваат според нашата перцепција за светот околу нас. Емоциите отсекогаш биле и ќе бидат дел од нас. Основните емоции кај децата се: среќа, страв, тага и лутина. Има и други, се разбира, но тие се појавуваат како мешавина од овие четири емоции. На самото раѓање на детето, постои една емоција, а тоа е недиференцирана возбуда, сите други емоции се развиваат од неа. На нив влијаат родителите, околината и културата во која детето се развива и расте.

Претходна објава8-ми декември – ден на Св. Климент Охридски
Следна објаваЗачини за потопла зима: Цимет и Каранфилче…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име