Дома Психолошки совети Ослободете се од вознемиреност за 10 секунди со неколку техники на медитација…

Ослободете се од вознемиреност за 10 секунди со неколку техники на медитација…

571
0

Може да одвоите 10 секунди, нели?

Вознемирувачките мисли се веројатно најнепосакуваните и сè што сакаме кога ќе се појават е да исчезнат веднаш!

Вистина е дека е тешко да се запрат, но сепак можете да направите нешто за да ги контролирате и да спречите да се развиваат во нешто посериозно …

Ова е токму моментот кога медитацијата може да помогне!

Со помош на медитација, можете да научите како да ги препознаете мислите што ве вознемируваат, да ги набудувате и ослободувате, велат експертите. Сепак, понекогаш е тешко да се знае како да се започне и што да се прави кога ќе се појават вознемирувачки мисли. Обидете се со една од техниките што ги нудиме и научете да ги контролирате вашите мисли чекор по чекор.

ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ДИШЕЊЕТО

Ставете ја раката на стомакот и фокусирајте се на вдишувањето и издишувањето и броејте – „еден“ за вдишување, „два“ за издишување. Обрнете внимание на дишењето и движење на стомакот значи враќање во сегашниот момент. Изведете ја вежбата 10 секунди, повторете ако е потребно.

БИДЕТЕ СВЕСНИ ЗА ПОЛОЖБАТА НА ТЕЛОТО

Застанете боси на подот, потпрете се на грбот на ѕидот или ставете ги рацете на масата и станете свесни за тоа како се чувствувате во тој момент. Дозволете мислите да доаѓаат и да си одат, но кога ќе сфатите дека некоја мисла ве преокупира, свртете ги мислите кон тоа како се чувствувате боси стоејќи на подот.

ЗАМИСЛЕТЕ ГИ ТОПЛИТЕ ЗРАЦИ НА СОНЦЕТО

Сигурно сте запознати со чувството кога седите на прозорецот и вашата глава се загрева од топлината на сонцето? Затворете ги очите и замислете го тоа чувство кога ќе почувствувате вознемиреност, да се смирите.

ЗАМИСЛЕТЕ ЈА ЛИЧНОСТА ШТО ЈА САКАТЕ НАЈМНОГУ

Замислете слика на сакана личност и замислете како ја вдишувате целата негова вознемиреност и проблеми, и со секое издишување мислите на сите убави моменти што ги имате доживеано заедно – тоа е како да вдишувате лоши работи и преку секое издишување ги исфрлате сите проблеми.

Ова е вежба во која ја ставате туѓа благосостојба пред вашата, а тоа е еден од најдобрите начини да ослободите силни емоции како вознемиреноста и да се фокусирате на другите луѓе.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име