Дома Здравје Од дијабетес, стрес до нарушувања на тироидната жлезда: Еве што открива кожата...

Од дијабетес, стрес до нарушувања на тироидната жлезда: Еве што открива кожата за нашето здравје

576
0

Од дијабетес, стрес до нарушувања на тироидната жлезда: Еве што открива кожата за нашето здравје

КОЖАТА, како наш најголем орган, може да биде првиот показател за последиците од лошите животни навики и открива потенцијални здравствени проблеми. Како што пренесува британски The Sun, одредени промени на нашата кожа може да укажуваат на неколку работи, од нездрави навики во исхраната, стрес до одредени здравствени проблеми кои треба да се третираат.

Дијабетес
Ако имаме сува кожа, тоа може да биде знак за дијабетес. Како што објаснуваат лекарите, дијабетесот често ја погодува кожата поради високото ниво на шеќер во крвта. Сето ова ѝ отежнува на кожата да ја задржи потребната влажност, па затоа побрзо се суши. Освен сува кожа, експертите објаснуваат дека луѓето со дијабетес можат да забележат и други промени на кожата како што се чешање, бавно зараснување на рани и темни дамки.

Јадење премногу шеќер
Ако јадеме премногу слатка храна, особено храна која содржи рафинирани шеќери, тоа навистина ќе се покаже на нашата кожа. Најчесто се појавуваат мозолчиња и акни, а причината е ослободување на големи количини на инсулин. Како што објаснуваат лекарите, инсулинот го стимулира производството на себум, мрсна супстанца која може да ги затне порите кога е прекумерно произведена, што може да ги влоши состојбите на кожата

Стресот
Одредени промени на кожата, како што се чешање или црвенило, исто така може да бидат предизвикани од изложеност на стрес. Поентата е дека стресот може да го наруши производството и рамнотежата на липидите кои ја хидрираат кожата, загрозувајќи ја заштитната бариера. Хормоните на стрес, како кортизолот, исто така може да се ослободат во исто време, што доведува до зголемено производство на маснотии во лојните жлезди на кожата и што резултира со појава на акни.

Бидејќи стресот го активира воспалителниот одговор на телото, може да ги оштети структурните компоненти на кожата, вклучувајќи ги колагенот и еластинот, што ја прави повеќе склона кон сувост и предвремено стареење. Исто така, може да ја влоши секоја состојба на кожата, особено кај оние луѓе кои страдаат од егзема или псоријаза. Тогаш најчесто има чешање, печење, но и рани на кожата кои не поминуваат долго време.

Нарушувања на тироидната жлезда
Во случај некој да забележи дека претерано се поти, дури и ако надвор не е жешко или претходно не вежбал, лекарите велат дека тоа може да биде еден од главните знаци за хиперактивна тироидна жлезда. Оваа состојба го забрзува нашиот метаболизам и може да предизвика чувствителност на топлина, но и нервоза.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име