Дома Твој Готвач Незаборавни топчиња од кикирики кои не се печат и се топат во...

Незаборавни топчиња од кикирики кои не се печат и се топат во уста (РЕЦЕПТ)

1801
0

Ви треба брз и лесен рецепт за колачиња што не чини премногу? Сигурно ќе ви се допадне оваа!

Најпопуларни се чоколадните топчиња за кои не е потребно печење, а оваа верзија на топчиња од кикирики е совршена – имаат полн и интензивен вкус, сочни се, се подготвуваат многу брзо и нема да можете да јадете премногу од нив.

Состојки:

200 грама мелени бисквити
100 милилитри вода
5 лажици масло
300 грама шеќер
130 грама омекнат маргарин
200 грама мелени несолени кикирики
100 грама темно чоколадо
кикирики за декорација, сечкани или крупно мелени

Подготовка:

Од шеќер и вода направете сируп од карамела, па тргнете го од оган и додадете маргарин, па мешајте додека маргаринот не се растопи.

Потоа додадете мелени кикиритки и бисквити и месете добро да се соединат, па покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер да отстои половина час.

Чоколадото со пет лажици масло растопете го на пареа.

Извадете ја смесата од фрижидер, па со чисти раце формирајте топчиња и секое потопете го во растопено чоколадо, па во сечкани или крупно мелени кикирики. Се редат во плех и на крај се враќаат во фрижидер.

Претходна објаваДали утринските типови луѓе се навистина посреќни од ноќните?
Следна објаваЗошто повеќето авиони се бели?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име