Наш предлог за денешниот десерт: Бомбици од кикиритки
Дали знаете дека кикириката не е јаткасто овошје, туку зеленчук од семејството на мешунките? Односно јадењето семе од мешункаст зеленчук. Но, го вбројуваме во јаткастите плодови бидејќи по вкус и по нутриционистички состав е повеќе сличен на нив. И го консумираме како бадеми или ореви.
Иако е висококалорична храна бидејќи има преку 500 калории во само 100 грама, јадењето кикирики, за разлика од маслото, може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Исто така, го продолжува чувството на ситост и ја зголемува вашата способност да трошите енергија во мирување.
Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови во умерени количини не се дебелеат. Тие дури може да добијат помош за губење на тежината ако јадат три грст ореви или ф’стаци неделно. Тие се здрави, но бидејќи имаат толку многу енергија и хранливи материи, препорачаната дневна количина за консумирање е една рака кикирики или 1 лажица путер.
Печените кикиритки имаат повисоко ниво на антиоксиданси од сировите кикиритки, се разбира, под услов да не се пржат на масло со многу сол. Тие кикиритки се здрави, но не и солта и маслото што ги јадеме со нив. Кикириките содржат железо, калиум, магнезиум и се многу богати со протеини, па рекреативците често ги користат како растителен извор на протеини. Многу е лесно да се направат протеински шејкови или енергетски топки со путер од кикирики – само додадете лажица путер во омилениот рецепт пред блендирање. Можете да додадете една лажица путер во банана за ужина или да ја намачкате на парчиња јаболка и да посипете со една рака суво грозје.
Всушност, путерот од кикирики оди добро со се! Но купете го најдоброто – составот е 100% органски кикиритки, без додавање сол и масло или шеќер.
Состојки:
2 чаши крупна овесна каша
1 ½ шолја путер од кикирики
⅓ чаша јаворов сируп
3 супени лажици кокосово масло
3 супени лажици вода
Чекори:
Сомелете ја овесната каша ситно како брашно и стопете го кокосовото масло во топла купка.
Измешајте ги сите состојки во сад додека не добиете смеса како тесто, само поцврста. По желба можете да додадете една лажица од омилениот протеин во прав или малку мака, ванила, цимет…
Со лажица земајте парче по едно и формирајте топчиња меѓу дланките. Чувајте ги топчињата во фрижидер за малку да се стегне смесата.