Дома Здравје Лоша циркулација или нешто друго: Што зборуваат студените стапала за нашето здравје?

Лоша циркулација или нешто друго: Што зборуваат студените стапала за нашето здравје?

951
0

На што често укажуваат студените стапала и како можеме да ги загрееме и да ја подобриме циркулацијата.

Ако вашите стапала постојано се ладни, тоа може да биде последица на ниските зимски температури, но и знак дека имате некои здравствени проблеми.

Иако за некои тоа може да биде нормална телесна реакција, според некои научници, студените стапала би можеле да бидат наследна карактеристика.

Сепак, студените стапала често се симптом на некои болести и здравствени проблеми, а меѓу најчестите се слабата циркулација во екстремитетите или слабото чувство во нервите.

Лондонската докторка Дина Гојл вели дека студените стапала понекогаш се симптоми на слаба циркулација, анемија, дијабетес, хипотироидизам, Реинаудов синдром и некои помалку познати состојби.


Како да ги загреете?

„Кога велиме дека студените стапала се последица на лошата циркулација, тоа значи дека топлата крв не доаѓа редовно до стапалата, па тие неизбежно се поладни од остатокот од телото“, објаснува др. Гоил.

Таа додава дека доколку тоа се случува често и не можеме да ги загрееме стапалата, треба да побараме лекарска помош.

За да ги загрееме стапалата, можеме да пробаме неколку различни методи:

Може да ни помогне масажата на стапалата за стимулирање на циркулацијата, но и носење топли чорапи, како волнени наместо памучни и обувки кои ја задржуваат топлината.

Ако ова не е доволно, секогаш можеме да почнеме да користиме шише со топла вода или грејач за стапала, а многу е важно да не носиме чевли од кои може да истече вода и да ни ги намокриат стапалата за време на дождливите денови, како и да го намалиме внесот на кофеин бидејќи тоа предизвикува стеснување на крвните садови може да го намали протокот на крв во нозете и рацете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име