Дома Здравје Лекување во сите приватни здравствени установи во Македонија со приватното здравствено осигурување...

Лекување во сите приватни здравствени установи во Македонија со приватното здравствено осигурување на СН Осигурителен Брокер

5672
0

Неодамна Светската здравствена организација ја објави првата сеопфатна анализа за финансиската заштита во здравствениот систем на Македонија во која се вели дека шест отсто од населението во земјата во 2018 имале катастрофалните трошоци за здравствена заштита, односно големи приватни плаќања мерено според капацитетот на домаќинството да плати за здравствена заштита.

Ова беше повод за достапноста на здравственото осигурување да поразговараме со Емилија Десановска, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер.

„Не е тајна дека во Македонија стандардот е низок. Тому тоа не поттикна како општествено одговорна компанија пред три години да лансираме на пазарот нов пакет за доброволно приватно здравствено осигурување “SN EuroHealth”. Само со 515 денари месечно корисниците можат да си овозможат лекување во сите приватни здравствени установи во Македонија и користејќи го овој пакет за осигурување да си го олеснат товарот од трошоците за здравствени услуги.„-вели Десановска.

Извештајот на Светската здравствена организација покажа дека катастрофалните трошоци најмногу ги погодуваат посиромашните луѓе и домаќинствата со постари членови. Тие се должат главно на приватни плаќања за лекови.

„Со приватното здравствено осигурување на СН Осигурителен Брокер “SN EuroHealth” трошоците за лекување се предмет на покритие, односно се што чини над 300 денари и е на розов рецепт е опфатено со овој пакет. Тоа се оние лекарства кои што одат на приватно. Со плаќање на месечна симболична цена за приватно осигурување, осигурениците можат да си го олеснат товарот од овие трошоци дури 70%.“-вели Десановска.

Опфатот на здравствени услуги со приватното здравствено осигурување е голем, вели Десановска, посочувајќи дека пакетот опфаќа специјалистички прегледи, правење на крвна слика, лабораториски анализи и испитувања, најразлични сложени дијагностички постапки.. Исто така е опфатена и цела листа на операции, како и стоматолошки услуги и интервенции.“-појаснува таа.
Додава дека најдоброто е што со оваа полиса доколку некоја осигуреничка забремени тогаш осигурувањето предвидува исплата за состојба на бременост и породување во приватна здравствена установа по избор на осигуреникот. Сите знаеме дека во таков случај трошоците се високи.“-вели Десановска.

Сепак, приватното здравствено осигурување не е решение за оние кои воопшто немаат осигурување.
„Секое лице за да може да има приватно здравствено осигурување најпрво мора да биде осигуреник во Фондот за здравствено осигурување. Не е важно дали станува збор за активен или неактивен статус, но лицето мора да биде осигуреник во ФЗОМ за да може да има полиса за доброволно здравствено осигурување. Тој услов е предвиден со закон.“-вели таа.

Од неодамна има олеснување на условите за тоа кој може да има приватно здравствено осигурување во однос на возрасната граница. „До скоро возрасната граница на тие што можат да имаат приватно здравствено осигурување беше до 65 години. Но, сега и повозрасните можат да бидат осигуреници и тоа за истата цена од само 515 денари месечно, односно за нив не се наплатува повисока цена од онаа за помладите осигуреници кои се разбира се во подобра здравствена состојба.

Како општествено одговорна компанија, секогаш ги земаме во предвид потребите и барањата на секого.“-појаснува Десановска, додавајќи дека подетални информации може да се добијат на веб страната www.snbroker.mk и на телефонските броеви 15 770 и 075 807 225.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име