Дома Здравје Колку е здраво сувото овошје?

Колку е здраво сувото овошје?

419
0

Изборот на сушено овошје кое повеќе се консумира во зима е навистина разновиден. Но, колку е навистина здраво?

Сувото овошје е богат извор на антиоксиданси, фолна киселина и витамини од групата Б.

Студијата спроведена на 13.000 луѓе покажала дека испитаниците кои консумирале суво овошје имале подобар внес на хранливи материи од оние кои не го јаделе.

Сепак, секогаш треба да имате на ум дека овој вид на храна изобилува и со природни шеќери, што е корисно за спортистите на кои им е потребен брз внес на енергија, но секој кој генерално внимава на внесот на шеќер, јаглехидрати и калории треба да биде внимателен.

Тоа не значи дека целосно треба да избегнувате суво овошје, туку дека треба да го консумирате во ограничени количини. На пример, една шолја свежо грозје содржи 23 грама шеќер, а исто толку сушено грозје содржи 116 грама, што е пет пати повеќе од количината.

Нутриционистката Лори Занини за Си-Ен-Ен објасни дека половина шолја од ова овошје дневно им се препорачува на луѓето кои не се дијабетичари и не внимаваат на внесот на шеќер, јаглехидрати и калории, а за сите кои внимаваат две лажички кои содржат околу 15 грама јаглехидрати.

Сувото овошје често е одлична опција за појадок со јогурт или овесна каша, а може да биде и квалитетна ужина.
Фото: pixabay

Претходна објаваНе го игнорирајте акутниот синузитис
Следна објаваНе ги игнорирајте овие знаци на хроничен замор

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име