Дома Нега и убавина За убава кожа користете природни масла!

За убава кожа користете природни масла!

822
0

Ако го сакате тоа што е најдобро за вашата кожа, нема да потрошите пари за скапа козметика, туку ќе се свртите кон природни третмани. Повеќето производи за нега на кожата кои содржат хемиски состојки може да ја исушат кожата или да предизвикаат алергиски реакции.

Постојат масла што можете да ги испробате, а ние ги предлагаме најдобрите.

Есенцијално масло од лаванда

Лавандата е позната по своите смирувачки својства. Многу често се користи во ароматерапијата. За вистински да го опуштите умот и да ја смирите кожата, додадете околу 10 капки есенцијално масло од лаванда во када со вода и подгответе се за пријатна, релаксирачка вечер со чаша вино или омилена книга.

Бадемово масло

Бадемовото масло може да има ефект на убава кожа и коса. Измешајте малку бадемово масло со вода и нанесете ја на кожата за да помогнете во хидрирање на кожата, смирување и намалување на појавата на иритирана кожа.

Кокосово масло

Здравствените придобивки на кокосовото масло се познати одамна, и може да биде совршена состојка за работа внатре и надвор. Кокосовото масло е антимикробно, антиоксидантно, антифунгално, смирувачки и го зајакнува имунитетот.

Здравата исхрана може да има позитивен ефект врз кожата, па затоа е добро да се дејствува на тоа од внатре и надвор.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име