Дома Твој готвач Бисквит ролат со банана

Бисквит ролат со банана

2151
0

Најубавиот празничен рецепт….

Состојки:

300 гр мелени бисквити
150 гр мелени ореви
100 гр шеќер во прав
50 мл сок од портокал
200 гр путер

3 големи банани
100 гр чоколаден намаз
15 јатки- половина ореви
150 гр чоколадо
5 лажици масло

Подготовка:

Во сад ставете ги бисквитите, оревите, шеќерот во прав, путерот на собна температура исечен на парчиња и сокот од портокал и со рака соединете ги сите состојки. Исечете две кесички за замрзнување и лесно посипете ги мелените бисквити, за да не се залепи масата за време на развојот. Смесата расукајте ја со сукало до дебелина од околу половина сантиметар.

На долниот крај на основата намачкајте тенок слој чоколаден намаз. Врз неа ставете ги бананите и намачкајте ги и со намазот. Потоа сè внимателно виткајте во ролат, притискајќи ја смесата убаво да се залепи за бананите. Нежно превртете го ролатот врз основата за да добие убава тркалезна форма. Оставете го на ладно да се стегне, околу три часа.

Чоколадото и маслото растопете ги на пареа. Одозгора на ролатот премачкајте го чоколадниот намаз и врз него притиснете ги зрната од оревите. Потоа ролатот покријте го со чоколадна глазура и оставете го повторно на ладно да се стегне.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име