„Ракот претежно ги презема природните процеси во телото наместо да воведува туѓи механизми, па затоа е многу потешко телото да препознае дека нешто не е во ред“, му рекол тој на д-р Кетан Фанки.
Но, д-р Таки посочува еден симптом кој дефинитивно треба да се провери. Можеби на почетокот нема да го забележите, но кога ќе го забележите, време е да посетите лекар. Често предупредува дека нешто необично се случува во телото.
Станува збор за необјаснето губење на телесната тежина, односно слабеење кое не е резултат на промена на исхраната или зголемена физичка активност.
„Имунолошките и воспалителните реакции се многу чести“, вели д-р Таки. „Кога телото ќе препознае дека нешто не е во ред, се активираат истите механизми без оглед на причината: малаксаност, треска, губење на тежината и намален апетит.
Без разлика дали имате тумор кој предизвикува опструкција на дебелото црево или го попречува начинот на кој вашето тело ја користи енергијата, губењето на тежината на почетокот може да биде многу суптилно, објаснува докторот. Причината е што туморите обично растат бавно. Но, како што расте туморот, лицето постепено губи тежина.
Извор: n1info.hr








