Брз рецепт за пита со спанаќ и сирење: Совршена за почеток на денот
Оваа едноставна пита е совршен избор за појадок или ужина бидејќи ќе ви обезбеди важни хранливи материи, а воедно ќе ве разгалува со вкус.
Урамнотежен оброк, богат со протеини и растителни влакна, не мора да значи здодевна храна. Оваа пита со сирење и спанаќ е доказ дека вкусното и хранливото можат совршено да се комбинираат. Нутриционистката Тијана Младеновиќ го сподели својот едноставен и ефикасен рецепт на Инстаграм – совршен за појадок или ужина кога сакате лесен, но и заситувачки оброк.
Состојки:
100 г овесно брашно
150 г свеж спанаќ
2 јајца
2 лажици маслиново масло
100 г сирење или урда
70 г моцарела
1/2 кесичка прашок за пециво
прстофат сол
Подготовка:
Кратко пропржете свеж спанаќ во неколку капки маслиново масло додека не омекне, а потоа оставете го малку да се олади.
Во сад, изматете ги јајцата и додадете го ренданото сирење или урдата. Добро измешајте сè. Потоа додадете ги овесните снегулки, прашокот за пециво, солта, пржениот спанаќ и ренданата моцарела и соединете сè во мазна смеса.
Истурете ја смесата во мал плех обложен со хартија за печење и печете околу 30 минути на 180 °C, или додека питата не добие златно-кафеава боја. Можете да ја послужите питата топла или ладна.








