Дома Твој готвач Посни банана мафини – меки, миризливи и готови за 30 минути

Посни банана мафини – меки, миризливи и готови за 30 минути

9
0

Посни банана мафини – меки, миризливи и готови за 30 минути

Овие мафини се совршени со кафе или чај, а поради природната сладост на бананите, тие често се омилени кај децата.

Доколку сакате брз и вкусен десерт за време на Велигденските пости, велигденските банана мафини се одличен избор. Се прават без јајца и млеко, а благодарение на зрелите банани, остануваат меки и природно слатки.

Потребно е:

Уживање без грижа на совест: Чоколаден пудинг за денови на постење

2 зрели банани

200 г брашно

100 г шеќер (или помалку по вкус)

1 кесичка прашок за пециво

1 кесичка ванилин шеќер

80 мл масло

150 мл газирана вода

прстофат сол

1 лажичка цимет (по желба)

една шака сечкани ореви или лешници (по желба)

50 г темно чоколадо (по желба)

Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете калап за мафини со хартиени корпички. Изгмечете ги бананите со вилушка додека не се изедначат. Додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, маслото и газирана вода и добро измешајте. Во друг сад, измешајте го брашното, прашокот за пециво, солта и циметот. Постепено додавајте ги сувите состојки во смесата од банани и мешајте нежно додека не добиете мазна смеса. Доколку сакате, додадете јаткасти плодови или чоколадни трошки.

Поделете ја смесата во калапите за мафини, полнејќи ги околу две третини. Печете 25 минути, додека мафините не добијат златно-кафеава боја и чепкалка за заби забодена во средината не излезе чиста.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име