Колач со брусница и ореви
Секогаш превкусен и оди добро со чај или кафе
Потребно е:
3 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
50 мл масло
300 мл јогурт
370 г брашно
1 лимон
100 г брусница
50 г сечкани ореви
1 кесичка прашок за пециво
Подготовка:
Јајцата изматете ги со миксер со прстофат сол. Кога ќе се запени, полека додадете шеќер и матете додека не добиете мазна маса, која едвај ќе се одвои од жицата. Додадете масло и јогурт и кратко измешајте. Потоа додадете брашно со прашок за пециво и повторно кратко измешајте, на најмала брзина. На крајот, додадете рендана кора од лимон, брусница и ореви.
Израмнетата маса истурете ја во тесен калап за леб, кој треба да биде обложен со хартија за печење, која претходно сме ја навлажниле со вода.
Печете го колачот околу 40 минути на 180°C, а потоа со чепкалка за заби проверете дали е печен во средината.
Извадете го печениот колач од рерна и оставете го да се олади во калапот 15 минути. Потоа извадете го, ослободете го од хартијата и оставете го целосно да се олади, за да може подобро да се исече.
Исечете го изладениот колач на парчиња и послужете.








