ТОРТА СО АФИОН ЗА 5 МИНУТИ – супер брза торта.
Уште еден брз колач за кој не ви е потребна ни вага, а се прави за 5 минути.
Состојки – измерете 1 чаша (2,5 dcl):
- 1 чаша масло
- 2 чаши шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 4 жолчки од јајца
- 2 чаши јогурт
- 2 чаши брашно
- 2 чаши семки од афион
- 1 прашок за пециво
Чоколадна глазура
- околу 15 лажици чоколадо за готвење
- 1-2 лажици масло
Подготовка: Измешајте ги сите состојки за бисквитот – шеќер, масло, ванилин, жолчки, брашно, семки од афион, прашок за пециво и јогурт.
Ставете во средно калап обложен со хартија за печење и печете на 180 степени околу 40 минути.
Кога ќе се олади, декорирајте го по желба.
Во мојот случај, со чоколадна глазура за која го растопив чоколадото со неколку лажици масло.
Во тортата нема белки од јајца, па можете да ги чувате во замрзнувач за друга торта.








