Дома Твој готвач Најдобриот рецепт за унгарски Зербо коцки – омилено празнично задоволство

Најдобриот рецепт за унгарски Зербо коцки – омилено празнично задоволство

236
0

Најдобриот рецепт за унгарски Зербо коцки – омилено празнично задоволство

Зербо коцките се едни од најпознатите традиционални унгарски деликатеси. Рецептот доаѓа од познатата будимпештанска слаткарница „Жербо“ и останал речиси непроменет стотици години.

Состојки:

Количина за тестото:

Брашно500 гр.

Путер или маргарин200 гр.

Шеќер100 гр.

Свеж квасец20 гр.

Млеко1 дл.

Јајца 2

Малки сол

За филот:Мелени ореви300 гр.

Џем од кајсии250 – 300 гр.

Шеќер150 гр.

Глазура:

Чоколадо за готвење150 – 200 гр.

Масло или путер3-4 лажици

Како да се подготви

Растворете го квасецот со една лажичка шеќер во млако млеко и оставете го да нарасне. Во сад измешајте брашно, сол, шеќер и путер. Додадете ги јајцата и квасецот и замесете мазно тесто. Поделете го тестото на три еднакви топчиња. Развлечете го секое во правоаголник приближно со големина на тавата. Ставете ја првата кора во тава, премачкајте ја со џем, наросете ја со ореви и шеќер. Покријте ја со друга кора и повторете го процесот со џем и ореви. Ставете ја третата кора, избоцкајте ја со вилушка и печете околу 25-30 минути на 180°C, додека не добие златно-кафеава боја. Кога ќе се олади, прелијте ја со чоколадна глазура и оставете ја да се стегне. Исечете на коцки или плочки и послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име