Дома Твој готвач ЗДРАВА ПИТА направена од 3 состојки, без брашно, масло, млеко… Сочно тесто...

ЗДРАВА ПИТА направена од 3 состојки, без брашно, масло, млеко… Сочно тесто кое се мати за 5 минути и останува свежо со денови

402
0

ЗДРАВА ПИТА направена од 3 состојки, без брашно, масло, млеко… Сочно тесто кое се мати за 5 минути и останува свежо со денови

Ако имате тиквичка во куќата, веќе имате речиси сè што ви треба за супер брз појадок или вечера.

Како може питата да биде здрава, прашувате? Едноставно, заборавете на корите и брашното!

Ова домашно тесто инспирирано од фритата е направено само со јајца, тиквички и сирење, и е многу сочно, лесно тесто кое се прави за само пет минути.

Домашната пита што ви ја претставуваме денес е одлична за појадок, вечера или како брз оброк што ќе ви го разубави денот, а воедно е без глутен, па затоа е погодна за секој што избегнува брашно.

Состојки:

5 јајца

1 голема тиквичка

издробено фета сирење по вкус

Подготовка

Добро измијте ги тиквичките , потоа изрендајте ги ситно и оставете ги десет минути за да го испуштат вишокот течност.

Изматете ги јајцата , потоа додадете ги тиквичките и издробеното сирење , па добро измешајте. Ако сирењето е посолено, дури и не ви треба сол.

Истурете ја смесата во плех намастен или обложен со хартија за печење и печете околу 30 минути во рерна претходно загреана на 200 степени.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име