Дома Живот 7 придобивки од масажата за вашето здравје

7 придобивки од масажата за вашето здравје

192
0

Во време кога сите сме напнати заради работа, проблеми дома, разни обврски со кои сме презаситени, посакуваме повеќе од кога било да се опуштиме. Масажата е одличен начин да се забави и опушти, и физички и психички. Но, масажата не само што релаксира, туку ви носи и многу други придобивки. Подолу ви ги пренесуваме сите придобивки на масажата за вашето здравје.

Се спротивставувана седењето

Многумина од нас седат на работа сите осум часа. Седењето е лошо за нашето тело од повеќе причини, а особено е лошо за ‘рбетот.

„Повеќето лица имаат проблеми со некој вид на постурален стрес“, велат терапевтите. Овој стрес најчесто се акумулира во пределот на вратот и рамото, а е особено опасен за оние кои многу седат на бирото. Кога овој стрес оди на повисоко ниво, тој се манифестира како болка во долниот дел на грбот.Масажата помага во отстранување на овие болки и го одржува ‘рбетот на оние кои многу седат. Ако седите многу, време е да закажете масажа на грбот.

Ја ублажува болката во мускулите

Масажата ја стимулира циркулацијата и со тоа ги ублажува болните мускули. Студиите покажуваат дека терапијата со масажа е исто толку ефикасна како и некои други методи за лекување на хронична болка во грбот.

Ублажува вознемиреност и депресија

Истражувањата покажуваат дека човечкиот допир (ако е безбеден, професионален и пријателски расположен) може да има терапевтски ефект врз луѓето. Жените кои страдаат од рак на дојка, и кои се подложени на масажа три пати неделно, се помалку депресивни.

Психотерапевтите често ги советуваат своите пациенти за масажа како начин да се ослободат од анксиозноста. Масажата не само што помага веднаш, туку и ефектите од редовната масажа можат да ви помогнат на долг рок во борбата против анксиозноста.

Го подобрува спиењето

Масажата промовира сон, дури и кај луѓе кои биле подложени на хемотерапија. Докажано е дека масажата им помага дури и на бебињата да спијат подобро, да плачат помалку и да бидат помалку нервозни. Нема посебна техника, за родителите овој вид на масажа може да дојде природно, како и галење со бебе.

Го подобрува имунитетот

Научно е докажано дека масажата го зголемува бројот на бели крвни клетки, што игра голема улога во одбраната на организмот од болести. Исто така, особено го подобрува имунитетот на луѓето кои живеат со ХИВ.

Поради својата способност да го намали стресот, масажата помага при болести како што се астма, дијабетес тип А или дерматитис и ги прави полесни за толерирање поради намален замор и болка.

Олеснува главоболка

Следниот пат кога ќе имате главоболка, одете на масажа. Масажата ја намалува фреквенцијата и сериозноста на главоболките при напнатост и може веднаш да ги запре. Ова е дефинитивно поздрав начин за ублажување на болката отколку земање лекови против болки, особено ако имате хронични главоболки.

Ја подобрува концентрацијата

Ако имате проблеми со концентрацијата и ви е тешко да се фокусирате дури и на книга или филм, масажата може да ви помогне. За да се фокусираме на нешто, срцевиот ритам мора да се намали. Ако не можеме да се фокусираме на нешто, тоа обично е затоа што срцевиот ритам ни е покачен. Масажата го релаксира нашиот нервен систем, а последицата е спуштен пулс.

Се надеваме дека ви дадовме доволно причина да закажете масажа денес.

Претходна објаваЕве кога треба да избегнете сода бикарбона!
Следна објаваСмути од банана и овесна каша

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име