Дома Здравје 5 здравствени придобивки од сокот од морков

5 здравствени придобивки од сокот од морков

267
0

Свеж сок од морков е најздравиот што ни го нуди природата и најдобар начин да го започнеме денот
Ако чувствувате дека ви недостасува енергија, сокот од морков е вистинскиот избор. Богат е со хранливи материи потребни за организмот да функционира добро. Сокот од морков има бројни здравствени придобивки, особено овие пет.

Го подобрува видот
Уште од мали нозе нè учат дека морковот е добар за очите и да навистина е така. Причините се дека е богат со витамин А, кој помага во одржување на здравјето на рожницата, и антиоксиданси кои спречуваат катаракта, дегенерација на макулата и губење на видот.

Го зајакнува мозокот
Недостаток на сон, стрес и недостаток на витамини и минерали во организмот во голема мера влијаат на концентрацијата и менталните перформанси. Дневната конзумација на сок од морков ги зајакнува когнитивните способности и го намалува ризикот од деменција и проблеми со меморијата. Друга предност на сокот од морков е тоа што е богат со калиум кој го намалува ризикот од мозочен удар и генерално го одржува здравјето.

Го подобрува варењето на храната
Сокот од морков е богат со растителни влакна, што е клучно за добро варење. Затоа, ако страдате од запек, овој сок е вистинското решение. Тоа ќе ја стимулира цревната перисталтика.

Помага при слабеење
Покрај тоа што е одличен за детоксикација, бидејќи му помага на телото да се ослободи од токсините, сокот од морков поттикнува губење на вишокот килограми со забрзување на метаболизмот. Покрај тоа, морковот е полн со влакна што прави да се чувствуваме сити долго време.

Го зајакнува имунитетот
Силните антиоксиданти од моркови ја намалуваат штетата предизвикана на клетките од слободните радикали и го олеснуваат воспалението во телото. Благодарение на бројните витамини и минерали, како што се витамини А, Ц, К и Б6, како и калиум и фосфор, сокот од морков е вистинско чудо во однос на здравјето. Го зајакнува имунитетот и штити од многу болести.

Претходна објаваТирамису со јагоди
Следна објаваДецата учат најлесно кога зборот учење не е споменат – 3 пролетни игри за деца од предучилишна возраст

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име