Дома Твој Готвач 3 вида храна која никако не треба да се загрева во микробранова...

3 вида храна која никако не треба да се загрева во микробранова печка

596
0


Во текот на изминатите неколку децении, микробрановата печка стана дел од повеќето домаќинства. Совршено е за брзи подгревања и често ни заштедува време. Меѓутоа, она што често го забораваме е фактот дека не можеме да ја подгрееме секоја храна во неа.


Брокула

Брокулата се загрева исклучително брзо и често се користи за брза подготовка во микробранова печка. Но, секоја форма на готвење зеленчук убива одредена количина на хранливи материи во нив. Парењето е многу подобро, иако и тогаш се губат околу 11 отсто од антиоксидансите од брокулата. Ако се готви во микробранова печка со малку вода, брокулата ќе изгуби до 97 проценти од своите антиоксиданси.

Замрзнато овошје

Овошјето се замрзнува на посебен начин за да се задржат сите хранливи материи. Не треба да се заборави дека овошјето почнува да ги губи својствата штом се бере, особено по долг период на складирање. Затоа, замрзнатото овошје може да има повеќе витамини и антиоксиданси во него отколку свежото овошје кое се чувало долго време. Најдобро е пакувањето со замрзнато овошје да се остави на собна температура за постепено да се одмрзне.


Замрзнато месо

Микробрановите се дизајнирани така што храната внатре во рерната се ротира во круг за рамномерно да се загрее. Замрзнатото месо е многу тешко да се одмрзне во микробранова печка бидејќи е потребно многу време, па често се случува краевите да поруменат додека средината да остане замрзната.

Претходна објаваШест правила за лична хигиена за деца
Следна објаваТест за ученици: Кој е следниот број во низата?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име