Дома Здравје Четири подмолни симптоми на нездрави црева: органи важни за имунитетот

Четири подмолни симптоми на нездрави црева: органи важни за имунитетот

402
0

Четири подмолни симптоми на нездрави црева: органи важни за имунитетот
Кога мислиме на лошото здравје на цревата, обично мислиме на надуеност, запек или дијареа, стомачни болки. Но, науката открива и некои други
Цревата се многу повеќе од само дигестивен орган, тие играат централна улога во нашето здравје. Освен варењето, тие вршат и бројни функции. Тие се снабдувач со енергија, експерт за имунитет, произведувач на хормони и нашиот втор мозок.

Цревата, односно цревната флора (микробиота) е важна заштитна бариера во човечкото тело. Заедно со второто ниво на заштита, цревната слузница, цревата обезбедува ефикасна заштита на телото. Третото ниво на заштита е имунолошкиот систем поврзан со цревата – нашиот имунолошки центар.

Цревата се вклучени и во многу други важни функции на телото, како што се снабдувањето со енергија или производството на хормони. Цревата се нашиот орган за работа и благосостојба, но и нашиот најголем имунолошки орган.

Кога размислуваме за лошото здравје на цревата, најчесто ќе помислиме на очигледни симптоми како надуеност, запек или дијареа, стомачни болки. Но, науката открива и некои други, помалку типични симптоми кои укажуваат на нездраво црево.

Чести главоболки

Ако не сте сигурни што ја предизвикува главоболката, причината треба да се бара и во цревата. Истражувањата сугерираат дека гастроинтестиналните нарушувања како што се синдромот на нервозно дебело црево или воспалението може да предизвикаат главоболки и мигрена, но и дека состојбата може да се подобри со промени во исхраната, односно со внесување на повеќе влакна, првенствено од овошје и зеленчук, како и житарки како што е овесната каша.

Постојан замор

Ако спиете доволно и се чувствувате уморни наутро, ова може да укаже и на нерамнотежа во цревата. Физичкиот и менталниот замор е уште еден симптом на лошо здравје на цревата, според студијата од 2020 година. Заморот може да биде поврзан и со специфични дигестивни проблеми како што е запек.

Егзема

Иако егземата во некои случаи е наследна, иритацијата на кожата може да се разгори во зависност од здравјето на цревата. Студиите ја докажаа улогата на цревната микробиота кај атопичен дерматитис (егзема).

Променетиот цревен микробиом може да биде поврзан со симптоми на егзема и може да се влоши со дополнително влошување на цревниот микробиом, на пример поради земање антибиотици за одредени кожни заболувања. Затоа се препорачува секогаш да се зема антибиотик со интервал од два часа и пробиотик кој ќе го врати балансот на цревните бактерии.

Стрес или анксиозност

Бидејќи 95 проценти од серотонин се создава во нашите црева, не е изненадување што нивото на стрес и здравјето на цревата се поврзани. Истражувањата покажуваат дека цревниот микробиом игра голема улога во нашиот одговор на стресот.

Бадемите, јајцата, лососот, боровинките, овесот, аспарагусот и пробиотиците (кефир, кисела зелка) се меѓу најдобрите намирници кои ќе го намалат воспалението во организмот и ќе ни олеснат да се справиме со стресот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име