Дома Здравје Храна која ја ублажува надуеноста

Храна која ја ублажува надуеноста

498
0

Надуеноста на стомакот е многу непријатно чувство. Тогаш се чини дека воопшто не ви се јаде и не ви паѓа на памет да ставите храна во уста.

Експертите, сепак, советуваат дека не треба да ги прескокнувате оброците ниту во тие моменти, бидејќи на тој начин можете само уште повеќе да го забавите варењето.

Еве неколку намирници кои ја намалуваат надуеноста и ги ублажуваат нејзините симптоми.

Риба

Храна која е многу лесно сварлива и содржи протеини кои го ублажуваат чувството на надуеност.

Целер

Многу е богат со калиум и се смета за еден од најдобрите природни диуретици кои дефинитивно ќе ви помогнат да се ослободите од надуеноста и нејзините придружни симптоми.

Тиква

Богата со влакна, тиквата содржи ниско ниво на шеќер и скроб, што ја прави оваа храна совршен сојузник во борбата против мрзливите црева.

Спанаќ

Овој зеленчук е богат со витамини од групата Б, природни диуретици кои го прават спанаќот совршена храна во борбата против надуеноста.

Магдонос

Освен што прави вашите оброци да изгледаат свежо и здраво, овој зачин е добар за вашето здравје на многу начини. Богата со витамин Ц и калиум, помага и при надуеност.

Јаболков оцет

Одличен за детоксикација на организмот, но и за борба против масните наслаги, јаболковиот оцет е добар и доколку имате проблем со варењето. Покрај тоа, јаболковиот оцет содржи пробиотици добри за цревната флора кои го спречуваат надуеноста.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име