СÈ ШТО ЈА САКАТЕ ВО ЕДЕН ЗАЛАК: МИЛИОНЕРСКА ТОРТА Ред тесто, ред карамела и на крај – чоколадо
Тортата на милионерот ги запали социјалните мрежи – не е скапа и има подобар вкус од која било торта.
Полн со карамела, мед и чоколадо, никој не може да му одолее.
Потребно е:
За тестото:
350 г брашно
230 г путер
130 г гранулиран шеќер
прстофат сол.
За карамел слојот:
400 мл кондензирано млеко
200 г шеќер
200 г путер
4 лажици растопен мед.
За чоколадниот слој:
250 г чоколадо по вкус.
Подготовка
Загрејте ја рерната на 150 степени. Во сад изматете го путерот, шеќерот и солта, па додадете го брашното, мешајќи постојано. Истурете во плех обложен со хартија за печење. Печете околу половина час, во рерна загреана на 150 степени. Оставете го бисквитот да се олади и ставете го во фрижидер.
Загрејте го млекото, путерот и шеќерот со мед на средна температура, а потоа мешајте околу половина час, додека не добиете густ карамел. Прелијте ја подготвената смеса врз бисквитот и вратете го во фрижидер.
Растопете го чоколадото на пареа, потоа прелијте го врз карамелот и вратете го во фрижидер. Декорирајте ја тортата по желба и исечете ја на коцки.








