Дома Здравје Стомакот расте поради стрес, а бутовите поради генетика: Еве што ви кажува...

Стомакот расте поради стрес, а бутовите поради генетика: Еве што ви кажува вашето тело

318
0

Стомакот расте поради стрес, а бутовите поради генетика: Еве што ви кажува вашето тело

Експертите велат дека маснотијата на одреден дел од телото зборува и за здравјето, па затоа недоволниот сон и заморот влијаат на дебелината на нозете, а маснотијата на лицето и грбот е резултат на задржување на вода и лошо варење.

Кога сонцето ќе ве натера да се чувствувате удобно и ќе облечете полесна облека, дури тогаш гледате колку сте претерале со слатките и другите ѓакони. Сепак, експертите велат дека масните наслаги на одреден дел од телото зборуваат и за здравјето и дека треба да обрнете внимание на тоа пред да започнете со диети и вежбање.

Точно е дека структурата на телото во голема мера е одредена од генетиката, но проверете каде се акумулирале вашите вишоци .

Стомак

Стресот е најчестата причина зошто некој има истакнат стомак, според студија на Универзитетот Јеил. Имено, поголемата изложеност на стрес ја зголемува активноста на хормонот кортизол, а абдоминалните масти имаат повеќе рецептори за тој хормон од која било друга маснотија на телото, според научниците.

Решение: Не избирајте напорни физички активности. Нека вашиот избор биде јога или прошетка, а ако ги елиминирате лебот и тестенините, резултатот ќе биде одличен.

Листови

Ако вашите листови се речиси со иста ширина како и вашите колкови, виновниците се замор, будење среде ноќ, недоволно спиење.

Решение: Три часа пред спиење, избегнувајте храна богата со јаглехидрати и шеќер и спијте седум часа.

Грб

Мастите што се акумулираат на грбот се почести кај жените и тоа значи дека вашите органи за варење „слабо толерираат“ јаглехидрати.

Решение: Треба да ја промените вашата исхрана и целосно да престанете да јадете бел леб или да го замените со друг вид со интегрални житарки.

Раце

Опуштените мускули на рацете укажуваат дека имате проблем со елиминацијата на токсините во телото.

Решение: Вежбајте јога и вежби за истегнување.

Образи

Ако ви се појави брада штом ќе се здебелите , најверојатната причина е задржување на вода.

Решение: Намалете го внесот на алкохолни пијалоци и стимулирајте ја циркулацијата во областа со нежни кружни движења неколку пати во текот на денот.

Силни бутови

Ако имате тенок струк и силни бутови, генетиката е најодговорна за овој вид на зголемување на телесната тежина.

Решение : Избегнувајте производи со вештачки адитиви и шеќери.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име