СПИЈТЕ ПОЛЕСНО И ПРИРОДНО! Ви откриваме пијалок, со само три состојки, кој ви помага да спиете подобро
Имате проблеми со спиењето? Дознајте кој природен пијалок препорачува нутриционистот пред спиење и како тој ви помага полесно да заспиете и да спиете мирно во текот на ноќта.
Проблемите со спиењето стануваат сè почести, а многумина бараат решение кое не вклучува лекови. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 30% од возрасните ширум светот пријавуваат симптоми на несоница барем повремено.
Нутриционистите истакнуваат дека одредени природни намирници можат да му помогнат на телото да се опушти и полесно да влезе во фазата на длабок сон.
Еден од најдобрите совети за добар ноќен сон е да се напиете топло млеко со мед и прстофат цимет. Млекото содржи триптофан – аминокиселина која го стимулира производството на серотонин и мелатонин, хормонот на спиењето. Циметот придонесува за стабилизирање на шеќерот во крвта во текот на ноќта, додека медот му помага на телото полесно да се опушти.
За оние кои избегнуваат млечни производи, одлична алтернатива е чајот од камилица со додаток на сува лаванда – комбинација позната по својот благ седативен ефект.
Рецепт за пијалок пред спиење:
- 1 чаша топло млеко (растително или кравјо млеко)
– 1 лажичка мед
– прстофат цимет
Пијте 20-30 минути пред спиење, во тивка и опуштена атмосфера, без да гледате во екранот.
Со таков вечерен ритуал, многумина забележуваат помирен сон, помалку будења во текот на ноќта и подобро чувство наутро.








