Дома Твој готвач Рецепт за пица без месење

Рецепт за пица без месење

555
0

Рецепт за пица без месење

Не треба да месите тесто за оваа пица: Брза и лесна е за подготовка, а сочна е и мека.

Таканареченото течно тесто за пица е меко, а филот останува сочен дури и по печењето

Оваа пица е спас во последен момент кога немате време да го месите тестото , само измешајте ги состојките, истурете ги во тава и печете.

Состојки:

За тестото:

250 мл кефир

160 г брашно

1 јајце

половина лажичка сол

половина лажичка шеќер

1 лажичка прашок за пециво

1 лажица растително масло

За филот:

160 г сирење

150 г шунка

3 – 4 печурки

по вкус лук

Подготовка:

Изматете го јајцето со кефир, масло, сол и шеќер. Додадете го брашното измешано со прашокот за пециво и мешајте додека не добиете мазна течна маса, погуста од тестото за палачинки.

Исечкајте ја шунката, сирењето, печурките и кромидот.

Намастете плех (или обложете го со хартија за печење) и истурете го тестото. Рамномерно распоредете го филот врз течното тесто. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 25-30 минути, додека не добие златно-кафеава боја.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име