Дома Здравје Праз: блага храна која силно ги штити срцето, простатата и дебелото црево

Праз: блага храна која силно ги штити срцето, простатата и дебелото црево

1347
0

Време е за чорби, а комбинациите на зеленчук се речиси безброј, но празот е еден зеленчук што во зима никако не се изостава од нашата кујна. Во македонската кујна се користи често и нашите јадења се превкусни.

Празот потекнува од Централна Азија од каде што се проширил низ Медитеранот и понатаму во остатокот од светот. Тој бил познат како зеленчукова култура уште во древниот Египет, а го обожавале и Грците и Римјаните. Отпорен е на студ и е прифатен од жителите на постудениот дел на Европа и Северна Америка. Денес е особено ценет во Западна Европа и е една од главните состојки на националната кујна во Данска, Велс, Холандија и Белгија.


Состав и здравствени придобивки
Празот е поврзан со кромидот и лукот, па нивниот хемиски состав е сличен. Тој е многу добар извор на манган во нашата исхрана, а покрај него се присутни и витамин Ц , фолна киселина, железо и витамин Б6. Овие хранливи материи се фактори за метаболизмот на шеќерот во организмот, а благодарение на тоа празот е корисен за регулирање на шеќерот во крвта. Освен тоа, празот е побогат со антиоксиданси од кромидот.

Присуството на праз во исхраната помага за нормализирање на вкупниот и LDL холестеролот . Понатаму, празот е добредојдена поддршка и нормализирање на високиот крвен притисок. Ова е особено важно за спречување на атеросклероза и други болести на васкуларниот систем. Покрај тоа, празот помага во заштитата на простатата и ги неутрализира токсичните материи во телото, со што се намалува ризикот од рак на дебелото црево .

За среќа, за разлика од кромидот и лукот, варениот праз има благ вкус и лесно се вклучува во менито. Го подготвуваме на вриење , го додаваме во супи и чорби, солени мафини и сл.

Корисни совети
При купувањето на праз изберете цврст и остар, со изразена зелена боја. Подготовката на кромид за готвење бара темелно миење. Потребно е секој лист да се измие посебно бидејќи меѓу листовите може да има земја.

Еве неколку идеи како почесто да го вклучувате празот во вашето мени:

Познатата македонска пита со праз,

Чорби,

Додаток во салати,

Тава со праз и месо,

Во комбинација со суви пиперки…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име