Дома Здравје По 45 години секој треба да внимава на Крвниот ПРИТИСОК: Д-р Здравковиќ...

По 45 години секој треба да внимава на Крвниот ПРИТИСОК: Д-р Здравковиќ објасни каде правиме ГРЕШКИ

474
0

По 45 години секој треба да внимава на Крвниот ПРИТИСОК: Д-р Здравковиќ објасни каде правиме ГРЕШКИ и кога има АЛАРМ дека нешто не е во ред!

Еве како правилно да се измери крвниот притисок и што претставуваат вредностите на уредот.

Кардиологот д-р Марија Здравковиќ ги откри можните последици од нелекуваната хипертензија, како и совети за подобра контрола на покачениот крвен притисок.
Хипертензијата, популарно позната како висок крвен притисок, е една од најчестите хронични заболувања во светот.

Кардиологот д-р Марија Здравковиќ откри за тоа како навреме да се открие високиот крвен притисок и како да се контролира, при гостувањето во „Ординација“ на РТС.

Најчести симптоми кои укажуваат на висок крвен притисок се главоболка, замор, поспаност и недостаток на сила. Овие симптоми се чести не само кај хипертензијата, туку особено кај жените кои ја поврзуваат со хормонални промени“, објасни на почетокот докторката.

Меѓутоа, кога треба да почнеме да го мериме крвниот притисок? Како што истакна д-р Здравковиќ, секогаш кога не се чувствуваме добро, треба да го измериме крвниот притисок.

За да се утврди нечиј крвен притисок, кој е валиден, лицето треба да мирува. Се мери 15 минути по физичка активност во седечка положба. Може да се случи крвниот притисок на левата и десната рака да биде различен – советуваше кардиологот.


Исто така, има луѓе кои често го мерат притисокот, но и оние кои се плашат од мерењето, како што се децата и адолесцентите. Тие сметаат дека оваа рутинска контрола на крвниот притисок е стресна. Затоа лекарот им препорачува на овие луѓе три пати да го измерат притисокот и да ја „земат“ третата вредност. Д-р Здравковиќ истакна дека модерните, дигитални уреди се многу сигурни.


А ова се вредностите на крвниот притисок:
120/80: оптимален крвен притисок
од 120/80 до 129/84: нормален крвен притисок
од 130/85 до 139/89: прехипертензија
Од 140/90 до 159/99: хипертензија од прв степен
Од 160/100 до 179/109: хипертензија од втор степен
ОД 180/110:хипертензивна криза.

Оваа класификација по критериуми е заострена во последните години. Самата појава на хипертензија е почеста со возраста и затоа е важно навреме да се реагира. Во фазата на предхипертензија не се даваат лекови, но многу е важно пациентот да оди на лекарски преглед за понатамошна дискусија и анализа – советува д-р Здравковиќ, посочувајќи дека најголем број на мозочни удари се случуваат ноќе.

Направете го тестот со ДВА прста и проверете…


Најизложени се оние кои боледуваат од апнеја, а докторката напомена дека таквите треба повеќе да внимаваат на притисокот. Исто така, притисок од 180/110 е хипертензија од трет степен, поточно хипертензивна криза. Ова е предупредувачки знак и луѓето со такви вредности треба веднаш да одат на лекар.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име