Овој утрински пијалок е уште појак од кафето – Веднаш ќе ве разбуди, но и ќе го исчисти целото тело
Многу е важно денот да се започне со здрав утрински пијалок.
Ако сакате да направите брза детоксикација на телото , овој пијалок е сè што ви треба. Наместо добро познатото утринско кафе , испијте пијалок од ѓумбир и лимон наутро и ќе почувствувате огромно олеснување.
Напиток од ѓумбир и лимон
Освен што е многу вкусен, овој напиток е многу брз и лесен за подготовка, а идеален е за детоксикација и будење наутро.
Ѓумбирот е силен антиоксиданс и е одличен за детоксикација на телото, а помага и при надуеност и забрзување на варењето на храната. Додека лимонот има диуретично дејство кое го поттикнува ослободувањето на токсините од телото, што го прави идеален за време на диета.
Состојки:
- 3 дл вода,
- половина лимон,
- корен од ѓумбир од 1 см
Подготовка:
Додадете половина лимон и 1 см корен од ѓумбир во 3 dcl вода. Измешајте сè и оставете да отстои десет минути на собна температура. После тоа, испијте го напитокот, најдобро е одеднаш, а не да го оставате за подоцна.
Овој пијалок може да послужи како детоксикација и подготовка за диета, но и како здрав утрински пијалок кој ќе ви помогне да го исчистите вашето тело од насобраните токсини